Поврзете се со нас

АТП

Медведев за финалната пресметка со Ѓоковиќ: Бев многу тврдоглав, требаше…(ВИДЕО)

Објавено

на

Фото:twitter.com/usopen

Данил Медведев не успеа да му застане на патот на Новак Ѓоковиќ до рекордната 24. грен слем титула или поточно Србинот му одржа лекција на неговиот ривал во финалето на Ју-Ес Опен со 3-0 во сетови.

Тоа беше дуел во кој Русинот имаше свои шанса, можеше да го однесе мечот во четврти, петти сет, но кога беше најпотребно Ноле знаеше да одговори, да покаже зошто е најдобриот на светот и да дојде до уште еден голем резултат на најголемата тениска сцена.

Медведев се наврати на таа пресметка и посочи дека требал да направи одредени промени во играта, пристапот, ама самиот признава дека не знае дали тоа би било доволно да го совлада Србинот.

-Можеби ќе земав сет, но не знам за мечот. Што се однесува до позицијата како да му одговорам на Новак во иднина, тогаш да. Тоа е тениски работи. Посебно против добар играч на сервис на мрежа, ако оди на надворешна страна, на мојот форхенд, може да освои три од четири или четири од пет поени.

-Имате моменти, 30:30 или 30:40, каде што ќе беше под притисок ако успеав да одговорам. Не ти треба брејк секој пат, ти треба враќање во вистинско време. Не можев да му одговорам како што сакав, но во текот на натпреварот верував дека можам. По натпреварот сфатив дека сум бил премногу тврдоглав. Требаше да сменам нешто. Но и да променев, не сум сигурен дека ќе го добиев. Многу е комплицирано, -порача Данил кој е активен на турнирот во Базел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни