Поврзете се со нас

Франција

Мбапе со емотивна порака го испрати Верати во новата средина

Објавено

на

Килијан Мбапе го преживеа летниот преоден рок во кој имаше недоразбирања со раководството на Пари Сен Жермен, поточно остана на своето и ќе биде дел од овој клуб најмалку до 2024 година.

Тоа не беше случај со Марко Верати, играчот кој имаше најголем стаж во таборот на „светците“, играч кој беше принуден да си бара нова средина и на крајот заврши во Катар во редовите на Ал Араби.

Со ова се стави крај на една ера во ПСЖ, приказна од која беше дел и Мбапе кој дојде во оваа средина по Италијанецот и многу добро знае колку тој беше важен низ сите овие изминати години.

-Исклучителен играч и личност. Беше огромно задоволство да се биде покрај тебе сите овие години. Твоеот време овде никогаш нема да биде заборавено или занемарено. Еден од најдобрите играчи што сум ги видел. Ти благодарам пријателе, многу ќе ми недостигаш, -порача Килијан во емотивната порака.

Верати настапуваше за ПСЖ од 2012 година, ги освои сите титули во Франција, односно остана само една неостварена желба-ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни