Поврзете се со нас

Франција

Мбапе со директна порака за неговата иднина: Има само една опција

Објавено

на

Килијан Мбапе го раздрма Пари Сен Жермен со одлуката дека нема да ја искористи опцијата да го продолжи договорот, опција според која ќе требаше да остане во сегашната средина до 2025 година.

Ова значи дека напаѓачот е врзан до 2024 година што дефинитивно не му одговара на францускиот првак кој сака да има јасна слика, сака да знае дека Килијан долгорочно е врзан за проектот, а ако тоа не е возможно тогаш е спремен да го продаде се со цел да не остане без никако обештетуваше наредната сезона.

Писмото на Мбапе до клубот предизвика дебата, потрес, па околу сите прашања свој одговор даде самиот Мбапе.

-Во моментов имам само една опција, да останам во ПСЖ. Планирам да бидам таму кога сезоната ќе започне, -рече Килијан кој одново е поврзуван со трансфер во Реал Мадрид.

-Искрено, не мислев дека ќе навредам некого. Пратив само писмо. Не знаев дека писмото може  некого да убие. Тоа е само писмо. Не ми е грижа за реакциите. Само испратив писмо, но тоа беше претходно, не за време на репрезентативната пауза. Нема потреба да објаснувам зошто. Имам свои причини. Мојата единствена опција сега е да останам во ПСЖ, тоа веќе го кажав, -рече голгетерот.

-Да објаснам зошто планирма да останам без да го продолжам договорот? Дечки, нема што да се објаснува. Луѓето можат да зборуваат, да критикуваат… Знам зошто го правам тоа што го правам и зошто го кажувам тоа што го кажувам. Луѓето ги немаат сите информации, -додаде Французинот кој воедно директно порача дека претседателот Емануел Макрон ќе нема влијание врз неговата иднина.

-Макрон нема да има никакво влијание врз мојата иднина. Тој се надева дека ќе останам во ПСЖ, а јас сакам да останам, така што… ние сме на иста страна, -заврши францускиот репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни