Поврзете се со нас

Франција

Мбапе сакал да ја заврши репрезентативната кариера: Не можам да играм за луѓе кои мислат дека сум мајмун

Објавено

на

Килијан Мбапе веќе некое време е меѓу најдобрите француски играчи, но и тој си има свои подеми и падови во националниот тим.

Тој не беше на посакуваното ниво на Европското првенство 2020, шампионат на кој Франција неочекувано испадна во раната нокаут фаза од Швајцарија, пораз кој донесе огромно разочарување кај навивачите со тоа што дел од нив ги преминале границите и го наредувале Мбапе на расна основа, а тоа го натерало да размислува и да се повлече од националниот тим.

-Не можам да играм за луѓе кои мислат дека сум мајмун. Нема да играм. Но, потоа размислував со сите луѓе кои се околу мене и навиваат за мене и сметав дека не беше добра порака да се откажам. Затоа што мислам дека сум пример за сите. Ова е нова Франција. Заради тоа не се откажав од репрезентацијата. Затоа што тоа е порака до младата генерација да каже: „Ние сме посилни од тоа“, -вели Мбапе кој заедно со Бензема треба да бидат ударна сила на Франција на престојното СП.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни