Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Манасков и Веспрем продолжија да „мелат“ во ЛШ, Лазаров и Нант претрпеа нов непријатен пораз

Објавено

на

Унгарскиот великан Веспрем делува незадржливо во својата група на стартот на новата сезона во Лигата на шампионите, во која Дејан Манасков и соиграчите вечерва стигнаа и до четврта победа на исто толку натпревари.

Веспрем вечерва не наиде на сериозен противник во тимот на Целје кој е на дното на табелата со четири порази, славејќи уверлив триумф на домашен терен од 39:24.

Македонскиот репрезентативец постигна три гола од четири обиди од својата омилена позиција, додека најефикасни во таборот на Веспрем беа Нилсон со шест и Борозан со пет погодоци.

За разлика од Веспрем кој има идеален старт на сезоната, Нант има многу проблеми на почетокот, бидејќи вечерва загуби и на гостувањето кај Алборг.

Ова беше дури трет пораз на четири одиграни средби, а во разочарувачката партија која заврши 32:24, Кире Лазаров постигна два гола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни