Одбојка
Македонските одбојкари вечерва бркаат историја: Победа за пласман во осминафиналето на ЕП!

Македонските одбојкари на најдобар можен начин го отворија континенталниот турнир во Скопје и остварија победа над Данска, но сега пред „спартанците“ е можеби и најважниот меч во нашата историја.
Црна Гора е противник по мерка и Македонија како кодомаќин на Европското првенство влегува како фаворит, но таа улога ќе треба да се потврди на теренот каде Ѓоргиев, Љафтов и останатите беа беспрекорни во последните три сета од мечот со Данска.
Ако ја оствариме посакуваната победа, Македонија ќе биде безгрижна во останатиот дел од групната фаза и ќе обезбеди место во осминафиналето, што би значело историски успех за нашата одбојкарска репрезентација.
Македонија запиша две победи на претходните две Европски првенства, пред неколку дена ја запиша и третата, но четвртата сите се надеваме дека ќе биде онаа историската за пласман во нокаут фазата на еден континентален турнир.
Натпреварот се игра вечерва во Скопје на добро позната дестинација, спортскиот центар „Борис Трајковски“ кој ќе биде отворен за големите фанови на одбојката во 20:00 часот.
-
Шпанијапред 17 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Англијапред 18 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Италијапред 21 час
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 21 час
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
НБАпред 18 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 18 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Италијапред 20 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 20 часа
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)