Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија со херојска победа и пласман во финалето на ЕХФ шампионатот

Објавено

на

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија дојде до голема победа на ЕХФ шампионатот во Скопје откако славеше во полуфиналниот натпревар против Швајцарија по подоброто изведување на пеналите.

Избраниците на Кире Лазаров славеа на овој натпревар со 34:33 откако во регуларниот дел резултатот беше 28:28 и уште еднаш покажаа дека воведниот пораз од Грција беше само лош ден за нив.

Херој на средбата беше голманот Галевски кој успеа да скроти три седмерци на швајцарската репрезентација и така да помогне на Македонија да се пласира во финалето каде за противник ќе ја имаме селекцијата на Полска која претходно славеше против Босна и Херцеговина со 41:29.

Победа во финалниот натпревар против Полска ќе ни донесе промоција и во Европскиот шампионат на ЕХФ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни