Поврзете се со нас

Европски првенства

Мачката Кес и даде предност на Македонија во пресметката со Австрија (ВИДЕО)

Објавено

на

Големите фудбалски натпреварувања секогаш се специфични и предизвикуваат голем интерес кај пошироката публика. Македонија како што е познато за прв пат во историјата ќе игра на Европските првенства, а во дебито ќе се соочи со Австрија.

Таа средба се игра денеска од 18 часот во Букурешт, а во пресрет на истата свој „збор“ имаше мачката Кес која се користи како прогнозер за овој турнир.

Кес се одлучи да ја изеде садот во кој беше Македонија што би значело дека ние би требало да оствариме триумф во дуелот во Романија.

Треба да се забележи дека мачката има слаба прогноза во досегашниот дел, погоди само дека Белгија ќе ја победи Русија. Претходно „типуваше“ дека Данска и Финска ќе одиграат без побендик, Велс дека ќе ја добие Швајцарија и дека Турција ќе слави над Италија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни