Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ловрен ги „поздрави“ хејтерите откако Салах испиша историја во ЛШ (Фото)

Објавено

на

Мохамед Салах беше резерва на мечот со Ренџерс во Лигата на шампионите, но и покрај тоа, истиот го заврши како најдобар поединец на теренот и испиша историја во најелитното натпреварување.

Египќанецот стави крај на лошиот голгетерски период и постигна три гола за само шест минути, што прави да биде најбрз хет-трик во постоењето на Лигата на шампионите.

Неверојатниот блицкриг на Салах му овозможи на Ливерпул да оствари победа со високи 1:7 на гостувањето во Шкотска, триумф кој треба да послужи навистина добро пред големото дерби кое следи во Премиер лигата.

Ливерпул ќе одигра меч против Манчестер Сити претстојниот викенд, а фановите не можеа да добијат подобри вести од разиграни Мо Салах и Боби Фирмино. Воодушевен од изданието на Ливерпул остана и поранешниот стопер на „црвените“, Дејан Ловрен.

– 15 минути е на теренот, хет-трик од Мо Салах! Хејтери само продолжете, ќе се случи само спротивното. Секоја чест Ливерпул, – порача Ловрен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни