Поврзете се со нас

Шпанија

Левандовски даде објаснување за „1:0 сезоната“ на Барса: Игравме со рачна сопирачка

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Роберт Левандовски успеа да ја освои титулата во Ла Лига во својата прва сезона како член на Барселона, но не само тоа, беше и најдобар голгетер во Ла Лига со 23 погодоци.

Полјакот максимално брзо се адаптираше на новата средина и веднаш дојде до израз неговото искуство и квалитет, а бидејќи беше еден од ретките во тимот кои знаеја како се освојуваат титули, сега се обиде да објасни зошто Барселона почна да игра доста променливо во завршниот дел од сезоната.

Некарактеристично за Барса, каталонскиот великан на многу натпревари победи со 1:0 и го бранеше минималното водство во финишот од натпреварите, нешто што според Левандовски се должи на недоволното искуство кај добар дел од играчите.

– Имаше еден момент кога цел свет сфати дека имаме големи шанси да станеме шампиони и од тој момент почнавме да играме со рачна сопирачка. Точно е дека победивме многу натпревари со резултат 1:0, и тоа со малку шанси на тие натпревари.

– Игравме како да имаме рачна сопирачка во нашите раце. Притисокот си го направи своето, напаѓавме со помалку играчи, бидејќи голем дел од нив не знаеја како е да се освои домашно првенство. Притисокот беше многу голем, но на крајот успеавме во тоа што го замисливме и зацртавме, – вели Левандовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни