Поврзете се со нас

Лига Европа

Летното засилување на Рома му одговори на Мурињо: Ќе му покажам дека можам повеќе

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Жозе Мурињо не е задоволен од пристапот кој го имаат неговите играчи во Лига Европа, па по натпреварот со Сервет на почетокот на месец декември имаше забелешки за фудбалерите.

Во своето обраќање, Португалецот посебно го прозва Хусем Ауар и посочи дека не искористил уште една шанса за докажување, а бидејќи станува збор за летно засилување, коментарите во јавноста посебно добија на значење.

Мурињо го критикуваше поранешниот играч на Лион кој има тешка адаптација во новата средина, но Ауар покажува голема доблест и сега професионално ги прифати критиките од својот тренер.

– Подготвен сум за утрешниот меч со Шериф и се надевам дека ќе добијам шанса. Не играв многу во последно време и знам дека морам да бидам многу подобар. Сакам да му помогнам на тимот и се надевам дека ќе добијам шанса.

– Првпат сум надвор од Лион и знам дека треба да учам. Оваа промена е тешка за мене, играв многу лошо во Прага и Женева и свесен сум за тоа. Со понизност и напорна работа ќе му покажам на Мурињо дека можам повеќе. Верувам во себе и се надевам дека од утре ќе почне мојот пресврт, – изјави Ауар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни