Поврзете се со нас

Свет

Легенда на Реал: Европа 20 години се однесуваше како Саудиска Арабија

Објавено

на

Хорхе Валдано е жива легенда на Реал Мадрид поради функциите кои ги извршуваше во „кралскиот клуб“, во кој претходно настапуваше и како играч додека беше професионален фудбалер.

Аргентинецот после фудбалскиот пат во Реал имаше улоги како тренер и спортски директор, а богатото искуство му дава за право да дава изјави на најактуелни теми како што е онаа која одѕвонува во ушите на фудбалските фанови цело лето.

Саудиска Арабија „украде“ огромен дел европски ѕвезди и успеа да ги привлече со неверојатните плати, па голем дел од фудаблските стручњаци почнаа да се бунат и да заклучувата дека клубовите од таа земја се најголема опасност за фудбалот.

Тоа мислење не го дели Валдано, кој ја гледа пошироката слика и вели дека Европа како континент цели две децении се однесувала како Саудиска Арабија, крадејќи ги сите млади таленти од светот.

– Европа не смее да заборави дека 20 години се однесува како Саудиска Арбија. Ги зема сите таленти од другите континенти. Сега се појави конкурент кои има пари и кој го сака фудбалот. Саудиска Арабија не е како Катар, Саудиска Арабија го сака фудбалот иако нема преголема традиција. Ги сфаќам повозрасните играчик како Роналдо и Бензема, но не и оние како Габри Веига. Тој е голем талент и се одрекна од славата за да земе повеќе пари, – изјави Валдано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни