Поврзете се со нас

Балкан

Легенда до легенда: Савичевиќ го претстави Просинечки

Објавено

на

Foto:fscg.me

Роберт Просинечки важи за еден од најдобрите играчи од Балканот на сите времиња и по крајот на кариерата се префрли во тренерските води, а сега својот следен чекор го прави во Црна Гора.

Таму беше претставен од својот поранешен соиграч и уште една југословенска легенда, Дејан Савичевиќ, кој во моментов е претседател на фудбалскиот сојуз на Црногорците.

Просинечки ќе биде седмиот селектор на оваа фудбалска репрезентација, односно втор Хрват во историјата.

– Многу сум среќен и задоволен што сум тука и што ќе ја водам Црна Гора како селектор. Ќе работам најдобро што можам, ќе решаваме чекор по чекор и првиот предизвик ни е во Лигата на нации. Мислам дека ова ќе испадне добро за сите, со Дејо сум голем пријател и разговорот кој го имавме траеше многу кратко.

– Ме праша дали ме интересира оваа работа и во два дена решивме се. Црногорците се горд народ и нема од никого да се плашиме. Отсекогаш сум бил победник, така е и како тренер. Ќе гледате мотивирана Црна Гора на секој меч, се надевам дека со новите ветришта ќе донесеме позитивна промена, – изјавил Просинечки на промоцијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни