Поврзете се со нас

Боречки спортови

Леброн огорчен од одлуката на судиите: Поради ова не гледам бокс (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Lakers

Френсис Нгану рано утрово го имаше своето деби во професионалниот бокс, а при својата прва борба беше на работ да приреди една од најголемите сензации во последните две децении.

Поранешниот УФЦ борец го предизвика Тајсон Фјури во рингот и малку фалеше да го нокаутира актуелниот светски првак, кој мораше да се подига од подот во третата рунда, а потоа да истрпи и неколку брутални удари во осмата рунда.

Спектакл во Ријад: Нгану го патосираше Фјури, но судиите му доделија контроверзна победа на светскиот шампион (Видео)

На крајот, судиите проценија дека Фјури собрал повеќе поени во текот на десетте рунди и нивната одлука предизвика голем гнев меѓу неутралните фанови, а еден од нив е и Леброн Џејмс.

Добар дел од јавноста смета дека Камерунецот беше „ограбен“ и оштетен за чиста победа, мислење кое го дели и „кралот Џејмс“.

– Токму поради ова не гледам бокс! Ајде човеку!, – порача разочараниот Леброн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни