Поврзете се со нас

Репрезентација

Кузмановски: Норвешка со ништо не не изненади, самите сме виновни за овој пораз

Објавено

на

За „Дерби“ од Краков,
Ристе Влахов

Македонската селекција не успеа да направи изненадување и претрпе пораз од Норвешка во првиот меч во Краков.

Избраниците на Кирил Лазаров најавија борба за секоја топка, се обидоа да му се спротистават на ривалот, меѓутоа скандинавците уште еднаш покажаа дека држат темпо, континуитет 60 минути што секако за нас е тешко да се испрати во овој момент.

-Со толку технички грешки како во првиот дел, не може да се победи една селекција како Норвешка. Со ништо не не изненадија, самите сме си виновни. Ова беше прв натпревар загубивме со разлика, сега мораме да се спремаме за следните два меча. Сепак колку и да се подготвуваме, Норвешка за мене е фаворит за златото. Сега пред нас се дуелите со Холандија и Аргентина, во кои мораме да влеземе со ладни глави.

-Атмосферата ќе остане иста, имаме уште две шанси за пласман во главната фаза, не се предаваме, верувам дека имаме што да покажеме. Ако кон некого сме строги, мора да бидеме кон нас, затоа што ние правиме технички грешки и имаме периоди со пад во играта во која противникот гради разлика, потоа е тешко да се вратиш во игра, -истакна Филип Кузмановски.

Следен ривал на Македонија е селекцијата на Холандија која денеска рутински ја доби Аргентина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни