Поврзете се со нас

Свет

Кузмановски и Хановер му се одмаздија на Мелсунген за поразот во Купот на Германија

Објавено

на

Филип Кузмановски и неговиот Хановер се изборија за гостинско славје над Мелсунген од 28-20 во мечот од 35.коло во Бундеслигата.

Гостите беа многу подобар и порасположен противник, во првиот дел создадоа позитива од два гола (12-10), а истата во преостанатиот дел ја надградија за убедлив триумф на овој натпревар со што на најдобар можен начин му се одмаздија на Мелсунген за поразот во полуфиналето на Купот на Германија.

Нашиот репрезентативец Кузмановски беше автор на еден гол, улогата на прв стрелец ја имаше Мартиновиќ со осум погодоци.

Хановер со 32 бода се наоѓа на 12 место на прволигашката табела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни