Поврзете се со нас

Европски првенства

Костески: Швајцарија е сериозна репрезентација, мора да се подобриме во еден сегмент

Објавено

на

Специјален известувач за „Дерби“ од Берлин, Ристе Влахов

Швајцарија е третиот ривал на македонската сениорска ракометна репрезентација на Европското првенство кое се одржува во Германија.

По двата порази од фаворитите Франција и Германија сега се соочуваме со ривал со кој би требало да можеме да се носиме и да се преставиме во најдобро светло.

-Ни остана уште овој натпревар од групната фаза против Швајцарија. Имаме денеска еден ден да се подготвиме за утрешниот дуел и да го заборавиме тоа што помина претходните денови, тие два натпревари кои ги загубиме. Да се сконцентираме на Швајцарија затоа што е една сериозна репрезентација која го покажа тоа на натпреварот со Франција каде се изборија за реми. Ќе мора да ги анализираме и добро да подготвиме добро.

-Покажаа дека имаат квалитет и дека се сериозна репрезентација со ремито со Франција. Според мене моторот на играта им е Енди Шмид кој доста придонесува, ама нема да ги запоставиме и останатите играчи. Станува збор за сериозни ракометари кои настапуваат во Бундеслигата. Првиот натпревар против Германија може им беше слаб ден, но потоа со Французите покажаа друга игра и дека навистина се многу многу подобра репрезентација од тоа, -истакна Ненад Костески кој говореше и за нашите два претходни меча.

-Дадовме максимум, но не беше доволно за позитивен резултат. Јас сум сигурен дека сите момци го дадоа максимумот на двата натпревари. Се случи тоа што се случи, двете средби ги загубивме со голема разлика, но видовме до каде сме и дека треба уште да работиме и напредуваме за да стигнеме до посакуваниот резултат.

-И психичкиот дел и заморот беа проблем. Имаме голем број на технички грешки и мора да работиме на тоа бидејќи со што помал број на грешки бројот и резултатот ќе беше поинаков, останува да го подобриме тој сегмент во кој најмногу потфрливме на ова првенство, -заклучи крилото на Еурофарм Пелистер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни