Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Клоп за ситуацијата со Нуњез: Дали ќе игра против Реал? Постои шанса…

Објавено

на

Ливерпул утре го дочекува Реал Мадрид во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите, дуел кој е своевидна реприза на финалето во ова натпреварување од минатата сезона.

„Црвените“ имаа причини за победа, за одмазда за поразот за трофејот, односно на менаџерот Јирген Клоп ќе му бидат потребни сите играчи кои се фит, подготвени за да дојде до посакуван резултат. Има играчи кои се отпишани, но има и такви кои се неизвесни како што е случајот со напаѓачот Дарвин Нуњез кој се повреди на лигашкиот меч против Њукасл.

Тој предвреме го заврши соочувањето на „Сент Џејмс Парк“, но според Јирген Клоп се уште не е отпишан и можеби ќе игра против „кралевите“.

-Постои шанса. Мора да видиме како е денесла. Кога тоа ќе го знаеме ќе донесеме одлука, -порача Клоп.

Средбата на „Енфилд Роуд“ е закажана за 21 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни