Поврзете се со нас

Англија

Клоп соопшти лоши вести пред дербито со Челси, па порача: Ова е како лотарија…

Објавено

на

Ливерпул не ја заврши на посакуван начин оваа календарска година и освои само еден бод на последните два лигашки натпревари против Лестер и Тотенхем што значи ќе мора да се вади на дербито против Челси закажано за 2 јануари на „Стемфорд Бриџ“.

Меѓутоа клубот од „Енфилд Роуд“ има сериозни проблеми пред дербито затоа што тројца нови играчи имале позитивни тестови на КОВИД-19.

-Имаме три нови случаи на Ковид во тимот, повеќе во стручниот штаб. Не можам да кажам (кој е позитивен на тестот) бидејќи сè уште треба да направиме PCR тестови, но ќе видите утре на листата и се ќе биде јасно, -рече менаерот Јирген Клоп кој поради истите причини изминатиов период не можеше да смета н Фабињо, Алкантара, Ван Дајк и Џонс.

Запрашан за тоа дали Ливерпул е блиску до тоа да побара одлужување на дербито, Клоп одговори:

-Се уште не. Никогаш не сме имале ваков вид на соодветна епидемија, секој ден се повеќе случаи. Ова наутро е како лотарија кога чекате резултати. Сега речиси од ден на ден ќе има еден случај, денес друг и сега треба да чекаме. Во моментов, веројатно нема тоа да го бараме, но не сме сигурни како ќе изгледа за неколку часа, -заврши Германецот.

Сериозни проблеми има и Челси, па дербито дефинитвно нема да биде онака како што посакуваат сите вистински љубители на фудбалот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни