Поврзете се со нас

Лига Европа

Клоп не можеше да поверува во какви услови одржа прес: Уау…… (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Ливерпул загуби од Тулуз во Лигата на Европа во возбудлив натпревар со 3:2, па иако Јирген Клоп не беше премногу загрижен за поразот, Германецот имаше доста голема дистракција додека даваше објаснување за неуспехот.

Менаџерот на Ливерпул одржа една од најбизарните и најнеобични прес-конференции, бидејќи додека тој говореше, доста гласно се слушаа извиците на навивачите на Тулуз и удирањата по просторијата во која се одржуваше говорот.

Клоп во неколку наврати мораше да ја прекине својата мисла и да почека вистински момент за да се доискаже, но на крајот му преседна и постави едно прашање до сите кои беа во салата.

– Чија е идејата да се одржи прес тука? Тоа би било навистина интересно прашање за поставување…. Уау……, – порача Клоп.

И покрај поразот, Ливерпул остана прв во својата група со девет освоени бода, па пласманот во нокаут фазата ќе треба да го заверува во следната рунда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни