Поврзете се со нас

Англија

Клоп издвои едно име по неверојатните девет гола на „Енфилд Роуд“: Специјален фудбалер

Објавено

на

Ливерпул со неверојатни 9:0 го совлада Бурнмаут на „Енфилд Роуд“ и покажа дека е решен да се разбуди по сонливиот старт на новата натпреварувачка сезона, победа од која можат да се издвојат многу позитивни моменти од домашниот тим.

Менаџерот Јирген Клоп очекувано беше задоволен од целокупното издание на својот тим, но реши јавно да го пофали новото летно засилување кое дојде од Фулам, суперталентираниот Карвалјо кој беше стрелец на голот за 8:0.

Карвалјо влезе од клупата на стартот на вториот дел кога прашањето околу победникот беше решено, но Јирген смета дека адаптацијата на надежниот фудбалер ќе биде многу полесна со вакви изданија на најважна сцена.

– Сакавме да покажеме реакција, да бидеме Ливерпул на кои навикнавме, да дојдеме до најдобрата верзија од себе. Постигнавме фантастични голови, тоа што имавме предност од 5:0 на полувреме беше чудно, неверојатен резултат. Потоа, требаше само да се продолжи, не сакавме да го понижиме Бурнмаут, не може да ги почитуваме повеќе.

– Ова е почеток на сезоната и сакавме да се покажаме пред домашните фанови. Резултатот од првото полувреме ни овозможи дад им дадеме шансата и на децата. Фабио Карвалјо е специјален играч кој постигна одличен гол. Се беше перфектно за него и за нас, – изјави Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни