Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Класа потег од „кралевите“: Реал со фантастичен гест кон Ливерпул го заврши мечот на „Бернабеу“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид сосема заслужено го елиминираше Ливерпул во осминафиналето во Лигата на шампионите, славејќи над големиот англиски ривал со вкупни 6:2.

По победата од 2:5 на гостувањето на „Енфилд Роуд“, тимот на Карло Анчелоти и вечерва беше подобар ривал на теренот, со тоа што главна разлика во резултатот направи голот на Карим Бензема.

Триумфот од 1:0 мина и во многу добро расположение по последниот судиски свиреж, а Реал Мадрид како клуб покажа класа и се заблагодари на Ливерпул на оригинален начин за фантастичниот однос на кој наидоа тие претходно во Англија.

Во чест на славниот англиски клуб, Реал Мадрид ја пушти познатата химна „You’ll Never Walk Alone“ веднаш по крајот на натпреварот, потег кој наиде на поздрав од цела јавност на Островот.

На овој начин, двата клуба покажаа како се остава добар пример на фудбалски натпревар и кога влогот е навистина многу голем, со тоа што „кралевите“ посебно се докажаа како големи џентлмени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни