Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Кил покажа моќ во првото полувреме, Еурофарм Пелистер ја продолжи црната серија во ЛШ

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Еурофарм Пелистер никако да го скрши мразот и да стигне до прва победа во групната фаза во Лигата на шампионите, нешто што и не беше баш за очекување денеска на тешкото гостување во Кил.

Македонскиот првак дојде до биланс од 12 порази на 12 одиграни натпревари и му преостануваат само уште два шанси за да избегне непријатна „нула“ во групната фаза во Лигата на шампионите, а тоа ќе го брка на дуелите против Алборг и Колстад.

Денешното гостување во Германија не изгледаше реално сценарио за да се прекине црната низа, а тоа стана јасно уште во воведната фаза од мечот во која Кил почна да ја полни мрежата на нашиот претставник.

Фаворитот направи огромна разлика во првите 30 минути и на пауза замина со предност од 19:10, по што беше јасно дека „зелено-белите“ ќе претрпат уште еден неуспех во најелитното натпреварувње.

Кил забави во вториот дел и постигна само десет гола во оваа фаза од мечот, а тоа му овозможи на Пелистер да се избори за подостоен пораз од 29:23.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни