Европски првенства
Киеза: Македонија не заслужи два гола, одиме во директна борба со Украина!

Италија беше подобра од Македонија (5-2) во вечерашниот меч на „Олимпико“, а еден од играчите кој ја направи разликата беше Федерико Киеза кој во првиот дел даде два гола и ја однесе својата селекција до сигурно водство.
Во вториот дел ние се вративме во игра до 3-2 преку Јани Атанасов, но „нероаѕурите“ го имаа последниот збор и преку Распадори и Ел Шарави ги потврдија трите супер значајни бода во трката за пласман на Европското првенство.
-Важно е дека го добивме натпреварот. За жал, примивме два гола кои генерално мислам дека не ги заслуживме, но сега ќе се бориме директно со Украина. Тоа не беше помрачување, ние сме попозитивни и напаѓаме под овој тренер што исто така значи преземаме дополнителни ризици. Сепак, покажавме дека сакаме да доминираме на натпреварот и ја заслуживме победата, -порача Киеза и додаде:
-Го правам тоа што го бара тренерот од мене и сите сме одговорни, сите мора да го направиме чекорот за да стигнеме до ЕП. Мислам дека со овој менталитет, пласман во Германија против Украина не треба да се бара со реми, туку со победа, таков е менталитетот на овој селектор, оваа репрезентација и како мора да одиме напред. Му благодарам на тренерот за неговите зборови кои покажаа голема почит и доверба во мене. Тој со годините докажа дека е одличен тренер и се обидува да го стори истото сега со Италија, -истакна членот на Јувентус.
Италија и Украина со по 13 бода го делат второто место во групата што значи дека за три дена не очекува супер интересна битка.
-
Германијапред 18 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 17 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Шпанијапред 19 часа
Гризман и Саул имаа провокативни изјави, Жоао Феликс им одговори (ВИДЕО)
-
Светпред 17 часа
Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ го потопија Ал Наср на Роналдо (ВИДЕО)
-
Европски првенствапред 23 часа
Лазаров повика 35 ракометари на поширокиот список, има и едно изненадување (Фото)
-
Италијапред 5 часа
Галјардини му се потсмеваше во лице на Рабио, доби одговор две минути подоцна (Видео)
-
Англијапред 16 часа
Карагер: Само еден тим е подобар од Арсенал во ЛШ