Боречки спортови
Каратистите на „Макпетрол“ се пласираа на Светските Боречки Игри во Саудиска Арабија

Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ, членови на скопскиот карате-клуб „Макпетрол“, обезбедија пласман на Светските боречки игри 2023 година кои ќе се одржат од 20 до 30 октомври во Ријад, Саудиска Арабија. Трајковски ќе бори во категоријата под 85 килограми, а Стојановиќ ќе учествува во категоријата над 85 килограми.
Известување за пласманот на двата каратисти на „Макпетрол“ е испратено од организаторот на игрите, Светската карате федерација (ВКФ), до надлежните во Карате федерацијата на Македонија (КФМ). Со оваа информација се потврдува дека Стојановиќ и Трајковски се квалификувале на Светските боречки игри за возрасни до 21 година.
Сега се очекува Карате федерацијата на Македонија да испрати одговор до организаторот ВКФ дека двајцата македонски репрезентативци ќе присуствуваат на големиот турнир во Ријад, за што КФМ ќе треба да обезбеди и средства за учество.
-
Шпанијапред 21 час
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 22 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Италијапред 20 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Англијапред 9 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него
-
Европски првенствапред 22 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Шпанијапред 23 часа
Чави: Од Атлетико посебно би издвоил еден човек
-
Италијапред 21 час
Рабио и Галјардини ја продолжија „војната“ на социјалните мрежи (Фото)