Поврзете се со нас

Англија

Карагер: Ако Евертон добие казна, Манчестер Сити треба да заврши во шеста лига! (Фото)

Објавено

на

Премиер лигата како фудбалско тело бара рекордна казна од 12 одземени бода за Евертон, вест која брзо предизвика бура од реакции во англиската спортска јавност поради фактот што одговорните лица им се нафрлија на „карамелите“.

Клубот од Евертон се истражува за една сезона во која бил прекршен финасискиот фер-плеј и планот е да му биде изречена рекордна казна, што доколку се случи, тимот ќе има само теоретски шанси да опстане во Премиер лигата.

Ваквите најави предизвикаа различни емоции и реакции во англиската јавност, а еден од најкритички настроените е Џејми Карагер кој направи споредба за примерот кој го имаше со Манчестер Сити.

Англискиот и европски шампион минатата сезона беше обвинет за повеќе од 100 прекршоци кога е во прашање фер-плејот, но таа приказна брзо стивна и засега никој нема информации дали „граѓаните“ воопшто ќе бидат казнети.

– Премиер лигата сака да му одеземе 12 бода на Евертон поради еден прекршок. Манчестер Сити треба да заврши во националната Лига Север (шеста лига) ако Премиер лигата работи какошто треба!! Неверојатно е колку приказни излегуваат за ситуацијата на Евертон, а оние за Манчестер Сити кој има повеќе од 114 прекршоци веќе долго време се стивнати, – порача Карагер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни