Поврзете се со нас

Одбојка

Капитенот Ѓоргиев: Трпението не однесе до голема победа

Објавено

на

Никола Ѓоргиев е вистински капитен и лидер на репрезентацијата доле на теренот, па како предводник на „спартанците“ беше првиот кој се огласи по големиот и историскиит триумф на Европското првенство кое се игра во Скопје.

Македонија ја надигра Данска и со пресврт славеше со 3:1, што е прв голем исчекор кон остварување на целта, а тоа е пласман во нокаут фазата на континенталниот турнир.

– Голема благодарност до сите, овие момци денеска покажаа од што се направени и колку вредат. Беше тешко, но уште кога го загубивме првиот сет, побарав од играчите да останат мирни. Денеска победивме поради тоа што бевме трпеливи во најважните моменти. Благодарен сум на навивачите кои дојдоа да не бодрат и се надевам дека на наредниот ќе има уште повеќе, – изјави капитенот.

Македонија во второто коло има ривал по мерка, бидејќи втор предизвик за „спартанците“ ќе биде селекцијата на Црна Гора, против која влегуваме како фаворити за победа.

– Имавме тежок натпревар, не беше лесно и се исцрпивме на физички и психички план. Сега најважно е да одмориме, а потоа ќе мислиме за Црна Гора. Да бидам искрен, не знам ништо за Црна Гора, од утре ќе анализираме и ќе имаме добра подготовка за тој дуел, – дополни капитенот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни