Поврзете се со нас

Италија

Јувентус официјално се повлекува од проектот „Супер лига“

Објавено

на

Фото: https://www.juventus.com

Промената на раководството на Јувентус и последните контакти со УЕФА очигледно влијаеле на насоката во која ќе се движи клубот наредниот период, а во плановите веќе не е проектот наречен „Супер лига“.

Јувентус со официјално соопштение потврди дека се повлекува од проектот, во кој сега остануваат само Барселона и Реал Мадрид, индиректно потврдувајќи дека испраќа порака до УЕФА за своите идни намери.

Италијанскиот клуб најави повлекување по завршување на процедурата која подразбира преговори со Барселона и Реал и ослободување од потпишаните договорни обврски, што значи дека Јувентус им се приклучува на сите останати клубови кои веќе го направија овој потег под притисок на УЕФА уште по објавувањето на идејата.

Проектот беше инициран од претходниот претседател Андреа Ањели, тој во меѓувреме се повлече од позицијата, а потегот за повлекување е јасно дистанцирање на новото раководство од одредени потези влечени во минатото и обид за приближување до раководството на УЕФА.

Јувентус во еден ден објави две важни одлуки, а втората е замрзнувањето од првиот тим на капитенот Леонардо Бонучи, па и на веќе отпишаните МекКени, Артур и Закарија, кои нема да патуваат со тимот на американската турнеја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни