Поврзете се со нас

Англија

Јунајтед ја одбил понудата на Дортмунд за Санчо

Објавено

на

Премиерлигашот Манчестер Јунајтед ја одбил понудата на Борусија Дортмунд за ангажман на услугите на Џејдон Санчо.

Санчно имаше неколку блескави сезони во бундеслигашот, партии кои во 2021 години му овозможија трансфер на „Олд Трафорд“ вреден 75 милиони фунти.

Меѓутоа по истиот офанзивецот не се прослави, не ги повтори изданијата од Германија што секако беше големо разочарување за сите луѓе, навивачи на Јунајтед. Оваа ситуација сакал да ја искористи Дортмунд, па според „Дејли Стар“ испратил понуда за позајмица на Англичанецот, но истата била одбиена од клубот од Манчестер.

Сепак „црвените ѓаволи“ се отворени за продажба на играчот, односно сума од околу 45 милиони фунти би била доволна за да дадат зелено светло за разделба со 23-годишниот Џејдон.

Англичанецот за Дортмунд одигра 137 натпревари на кои даде 50 гола и запиша 64 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни