Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ ја ископира безвременската техника на Џордан и ја воодушеви цела Америка (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ продолжува да брилјира и во ситуации кога не е максимално подготвен за меч, бидејќи пред натпреварот со Њу Орлеанс, Србинот заработи повреда на тренинг и беше неизвесен за настап.

Сепак, МВП играчот од минатогодишното финале не ги остави соиграчите на цедило и се појави на теренот, но не самошто го направи тоа, истовремено беше и најдобар на паркетот.

Јокиќ запиша историски трипл-дабл и го мина Леброн Џејмс на вечната листа, а на мечот постигна и кош кој во минатото беше карактеристичен само за Мајкл Џордан.

Сите повозрасни НБА фанови се сеќаваат на техниката која ја употребуваше Ем-Џеј со промена на раката пред постигнувањето на поени, а токму нешто слично утрово приреди и Јокиќ.

Србинот ја префрли топката од десната во левата рака во последен момент и испрати прецизен шут, па НБА фановите и американската јавност остана воодушевена од оваа негова импровизација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни