Поврзете се со нас

Свет

Ја најави важната победа: Одлична реакција на Бабунски за 11. гол за Дебрецин (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/dvscfoci

Македонскиот репрезентативец, Дориан Бабунски продолжува со квалитетните изданија во екипата на Дебрецин со која донеска оствари важна победа над Мол Фехервар во боорбата за излез во европските купови.

Домашниот тим славеше со 2-0, триумф кој го најави токму нашиот напаѓач со погодокот во 52 минута. Бабунски покажа фантастична реакција по топката која ја испрати Кушњир и донесе радост за Дебрецин по што се беше полесно.

Во 81 минута погодоци и Боди, па така сега избраниците на Благојевиќ со 46 бода се на 4 место на табелата.

Кога е прашање Бабунски за него ова беше 11. сезонски гол во првата унгарска лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни