Поврзете се со нас

АТП

Ивановски немаше решение за ветеранот Шеткиќ

Објавено

на

Фото: twitter.com/fedetenismadrid

Македонскиот тенисер, Калин Ивановски не успеа да обезбеди место во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот во Дубровник, Хрватска.

Ивановски како петти носител важеше за фаворит против 35-годишниот Алдин Шеткиќ, но ветеранот од Босна и Херцеговина покажа многу повеќе на теренот број еден и за околу два часа игра славеше со 2-0 во сетови.

Ова беше дуел во кој видовме само два брејка и тоа од страна на Шеткиќ (два од два) кој максимално ги искористи своите шанси за разлика од Калин кој имаше нула од три. На крајот Алдин со 7-6 и 6-2 дојде до дуел со Гима од Романија.

На нашиот најдобар рекет сега му останува настапот во двојки каде за партнер го има Лука Микрут, а ривали им се Марко Баничевиќ и Кристијан Тумбас Кајго.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни