АТП
Ивановски го надигра Овчаренко и ќе се бори за најголемата титула во кариерата

Најталентираниот македонски тенисер, Калин Ивановски обезбеди финале и во поединечна конкуренција на ИТФ фјучерсот што се игра во Куршумлиска Бања (Србија).
Ивановски во денешното пофинале го надигра Олександр Овчаренко, играчот кој е негов дубл партнер на овој турнир, човек со кого успеаа да дојдат во мечот за пехарот во игра на двојки.
Калин славеше со 2-0 во сетови со 7-5 и 6-2 по 1 час и 41 минута игра на теренот број три во Куршумлиска Бања. Со ова нашиот рекет се избори за шанса да дојде до најголемиот пехар во кариерата, а до тоа го дели само победа од подобриот меѓу Клемен Табур (Франција) и Самуел Винсент Руџери (Италија)
Досега Ивановски има три пехари на фјучерсите М15 и тоа на тврда подлога. Овој во Србија е турнир од М25 и тоа на земјена подлога.
-
Англијапред 23 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Шпанијапред 23 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Италијапред 23 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 21 час
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
Англијапред 21 час
Артета остана без најважниот офанзивен играч: Колку и да внимаваме…
-
АТПпред 12 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…
-
Англијапред 7 часа
Њукасл го исфрли Сити од Лига Купот, нова „два во еден“ партија на Ливерпул (ВИДЕО)