Европски првенства
Италијанските медиуми посебно издвоија една ѕвезда: Предизвика хаос во тимот на Македонија

Федерико Киеза пропушти неколку репрезентативни собири поради повреди и неговото отсуство е огромен минус за италијанската фудбалска репрезентација, која вчера го виде најдоброто светло на фудбалерот на Јувентус.
Киеза беше нерешлива енигма за македонските фудбалери и во улога на крило создаде многу проблеми за нашите фудбалери, со што се исполнија претпоставките на Лучијано Спалети пред натпреварот.
Италијанскиот селектор посочи дека Киеза е светска класа и го спореди со младата тениска ѕвезда, Јаник Синер, па откако беше избран за најдобар играч во Рим, со големи пофалби се јавија и највпечатливите италијанските медиуми.
Во прв план се најдоа коментарите на „Газета дело Спорт“ и „Кориере дело Спорт“, медиуми кои ставија акцент на зборовите на Спалети, но и на изданието кое го имаше Киеза против Македонците.
– Киеза се врати на крилото и предизвика хаос во одбраната на Македонија. Тој има луда желба, влегува максимално на секоја топка, постигнува голови од далеичина, шутира отсекаде. Да, тој е како Синер, или како играчот кој блескаше на „Вембли“, – пишува „Газета“.
– Киеза е безмилосен како Синер. Тој мисли само на победа и презема ризик бидејќи не размислува да сопре на теренот. Пред натпреварот, Спалети го спореди со тениската ѕвезда Синер. Тоа беше значајна споредба, а Федерико одговори со два гола за да го однесе мечот во посакуван правец, – пишува „Кориере“.
-
Шпанијапред 19 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 14 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 14 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Светпред 18 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Англијапред 8 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Италијапред 16 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 19 часа
Бруталниот Кин состави црна листа и наброја десет фудбалери кои треба да бидат ослободени од Тен Хаг