Поврзете се со нас

Италија

Инѕаги даде објаснување за двете измени по 30 минути игра: Моја е одговорноста

Објавено

на

Покрај Макс Алегри, под сериозна закана за отказ е и Симоне Инѕаги, кој денеска презема одговорност за новото лошо издание на Интер, бидејќи неговиот тим беше комплетно надигран на „Дачија арената“.

Покрај поразот од 3:1 во Удине, доста интересна за новинарите беше одлуката која ја донесе гостинскиот тренер по 30 минути игра, кога реши да ги повлече од тренерот двајцата стартери, Мхитаријан и Бастони.

Измените во вака рана фаза од мечот се навистина необични, особено кога се прават две одеднаш, но Инѕаги вели дека немал ништо против двајцата, всушнсот само стравувал да не заработат исклучување поради доминацијата на Удинезе.

– Ги извадив двајцата бидејќи добија рани опомени и имаа жолти картони, а Удинезе во тие моменти ги добиваше сите дуели, сите втори топки завршуваа кај нив. Сакав да ги шокирам со двете измени. Тие платија поради тоа што добија опомени, но требаше да плати цел тим. Удинезе беше многуг подобар и заслужи да победи.

– Мора да го прифатиме поразот, но се уште чувствувам поддршка од соблекувалната. Денешните перформанси не оставаат во лоша позиција и јасно е дека јас сум прв одговорен за ова. Мора да направам повеќе и да бидам подобар за тимот. Ние сме Интер и не смееме да си дозволиве вакви натпревари, – изјави Инѕаги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни