Поврзете се со нас

Пливање

IN MEMORIAM: Фарук Омерагиќ (1952 – 2022)

Објавено

на

Вчера во Скопје по кусо боледување почина Фарук Омерагиќ, долгогодишен спортски работник и активист во областа на културата и уметноста.

Неговата смрт го затекна како актуелен претседател на Градски пливачки сојуз на Скопје, организација преку која им помогна на многу македонски пливачки надежи, додека неговата богата биографија е исполнета и со други ангажмани во минатото, бидејќи беше редок познавач на коњичките спортови и поранешен член на Управниот одбор на таа федерација,  но исто така и поранешен спортист – кошаркар.

Фарук Омерагиќ беше роден на 16 февруари 1952 година. Во својата професионална кариера беше истакнат општествен работник и организатор на многу манифестации за младите, како и еден од основачите на културната манифестација „Скопско лето“. Во 2019 година ја објави книгата поезија „Воздишка“.

Погребот ќе биде поместен на 13 февруари (недела) на Градските гробишта во Бутел.

Фото: Ема Кушевска

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни