Поврзете се со нас

Франција

И Рамос се збогува со ПСЖ: Утре ќе биде специјален ден…(ФОТО)

Објавено

на

Пари Сен Жермен утре го пречекува Клермон во последниот натпревар за оваа сезона, натпревар кој ќе биде последен за две големи ѕвезди, асови на „светците“ Лионел Меси и Серхио Рамос.

Ако за Меси тоа од претходно се знаеше, сега официјална информација за збогум дојде од самиот Рамос кој се огласи преку социјалните мрежи со следнава порака:

-Утре ќе биде специјален ден, утре ќе ставам крај на уште една етапа во мојот живот, ќе се збогувам со ПСЖ. Не знам колку места можеш да ги чувствуваш како свој дом, но без сомнеж, Париз, ПСЖ и навивачите се едно од тие места за мене, -порача стоперот.

Стоперот дојде на „Паркот на принцовите“ во 2021 година, но неговото знаење, искуство, квалитет иско како и она на Меси не му помогна на ПСЖ да го оствари големиот сон, да триумфира во ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни