Поврзете се со нас

Балкан

Хрватите открија зошто Динамо го „жртвувал“ Адеми

Објавено

на

Аријан АДеми се врати во Динамо од редовите на Пекинг со цел да им помогне на „модрите“ во турбулентната и тешка сезона, а иако важи за голема ѕвезда во тимот, тој остана без пријава за европските натпревари кои следат.

Тренерот Јакировиќ не го пријави македонскиот репрезентативец и со тоа ги разбесни навивачите на Динамо, кои денеска добија образложение од хрватските медиуми за жртвата која била направена со неуморниот играч за врска.

Имено, во случајот на Адеми не се работи за тактичка или техничка одлука, туку станува збор за сложена финансиска операција која Динамо би требал да ја исплати во вид на бонуси.

Кинезите при договорањето на трансферот, се заштитите и побарале бонуси од Динамо во вид на одиграни натпревари, а тоа посебно важи за европските натпреварувања.

За да се избегнат непотребни финансиски давачки, Динамо на крајот реши да не го пријави својот клучен стартер, особено во ситуација кога влегува и како аустајдер во баражот за Конференциската лига.

Динамо со второто место во групата не се пласираше директно во осминафиналето, а во баражот ќе игра против Бетис кој влегува како апсолутен фаворит за победа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни