Поврзете се со нас

Шпанија

Хоселу: Им се извинувам на сопругата и моите деца, но овој ден е……

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Хосе Луис Мато Санмартин го дочека својот ден од соништата, бидејќи денеска беше претставен за нов член од првиот тим на клубот на неговиот живот.

Шпанскиот репрезентативец надалеку е многу попознат како Хоселу и со ова име на грбот се прослави во шпанската Ла Лига, но сега го дочека најубавиот момент во играчката кариера и се врати во клубот во кој почна како младинец.

Хоселу е продукт на младинската школа на Реал и својот пат во елитата мораше да го бара во други клубови, но сега судбината го врати на „Сантијаго Бернабеу“ и призна дека денеска доживеал еден од најубавите денови во животот, а не само во кариерата.

– Им се извинувам на мојата сопруга и моите деца, но ова е еден од најсреќните денови во мојот живот. Сонував да се вратам во Реал и денеска е денот кога се враќам.

– Не дојдов за да заменам никого, сакам само да го испишам моето име во Реал. Дојдов да уживам, Карим беше еден од најдобрите, јас дојдов да завршам друга работа. Реал е клубот на мојот живот, ќе го дадам максимумот за овој дрес. Постигнував голови во цела моја кариера и верувам дека тоа ќе продолжи и во Реал, – изјави Хоселу.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни