Поврзете се со нас

ВТА

Хит видео од Аустралијан Опен: Осака во епизодата „Не постои лошо време за добра книга“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Наоми Осака направи долга пауза од тенисот и реши да и се посвети на својата новородена ќерка, а како поранешна грен слем шампионка денеска привлече големо внимание во Австралија.

Враќањето на Јапонката беше следено со голем интерес од тениските фанови и експерти, па иако Наоми загуби во првата рунда на Аустралијан Опен, мора да се напомене дека понуди високо ниво после долгата пауза.

Осака загуби од Французинката Гарсија со 6:4 и 7:6, но успеа да го привлече вниманието и со несекојдневната рутина која ја имаше на паузата меѓу гејмовите.

Тенисерите и тенисерките користат најразлични методи за да се релаксираат и да останат концентрирани, а Осака во дадената ситуација го правеше тоа читајќи книга.

– Не постои лошо време за добра книга, – гласи пораката од официјалниот профил на Аустралијан Опен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни