Поврзете се со нас

Лига на нации

Грузија испука „петарда“ во мрежата на Бугарија и ја задржа лидерската позиција на табелата

Објавено

на

Репрезентацијата на Грузија одигра фантастичен натпревар во Разград против селекцијата на Бугарија која ја совлада со убедливи 5:2.

Избраниците на Вили Сањол и тоа како ја надиграа бугарската репрезентација, и за разлика од нас беа далеку порасположени во реализаторска смисла, па до врв ја наполнија мрежата на Михајлов.

Победата на Грузија можеше да биде уште повисока ако Квеквесири во 92. минута го реализираше ударот од белата точка, но топката заврши во стативата.

Следно, Грузија и гостува на репрезентацијата на Македонија во Скопје, а македонската јавност се надева и очекува Грузијцијте да го претрпат првиот проаз во Лигата на нациите за новата сезона.

На останатите терени каде се играше Лигата на нациите, Чешка и Шпанија ремизираа во доста интересен натпревар со четири погодоци (2:2),  додека пак Португалија беше убедлива против Швајцарија со 4:0.

Србија покажа сила против Словенија и ја совлада со 4:1 по воведниот пораз од Норвешка која пак денеска ја совлада и Шведска со 2:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни