Поврзете се со нас

Македонија

ГРК Охрид ги „запали моторите“, голманот Ристевски е најнова аквизиција

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hcohrid

Екипата на ГРК Охрид официјално ги започна подготовките за новата сезона во која тимот предводен од нашата легенда Стевче Алушовски има високи амбиции.

Во прво време тимот ќе тренира во Охрид, а потоа ќе се пресели во Маврово каде ќе ги одработи главните подготовки.

Охрид ќе има и нов капитен во името на Иван Тасески кој оваа „позиција“ ја презема од Крсте Андоновски.

Воедно беше потврдено уште едно засилување кое доаѓа од Еурофарм Пелистер-тоа е голманот Бобан Ристевски.

Ристевски е осмо ново име, претходно беа договорени Даниел Ѓорѓески, Гоце Ојлески, Никола Стоилевски Милорад, Берин Бркиќ, Теимураз Орјоникидзе и Рудолф Звонимир Сафранко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни