Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Горецка го вжештува големото дерби на „Камп Ноу“ со провокација до Левандовски

Објавено

на

Баерн Минхен си ја заврши својата работа во првите четири рунди и си обезбеди пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите, па сега последните два меча ќе ги игра само за чест и престиж.

Баварскиот великан без никаков резултатски императив ќе патува во Барселона и ќе го одигра дербито на „Камп Ноу“, кое сепак Леон Горецка реши да го вжешти со провокацијата која ја испрати до својот поранешен соиграч Роберт Левандовски.

Барса не зависи од себе и мора да се надева дека Интер ќе киксне со Викторија Плзен, бидејќи ако не се случи тоа, каталонскиот великан ќе остане без шанси за пласман во нокаут рундата.

– Левандовски беше доста размазен во Баерн Минхен, бидејќи знаеше дека без оглед на се, секогаш во најмала рака ќе стигне до осминафиналето во Лигата на шампионите, а веројатно и подалеку. Судејќи според неговата актуелна ситуација, тоа не е баш така.

– Ние немаме што да загубиме, но кога играте натпревар на „Камп Ноу“, сакате да победите по секоја цена. Без оглед дали е обичен пријателски натпревар, или финале во Лига на шампиони. Нема да калкулираме, ќе направиме се за да победиме, – изјави Горецка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни