Поврзете се со нас

Шпанија

Голот на Клајверт испиша ново поглавје во клупската историја на Валенсија

Објавено

на

Џастин Клајверт вчера реализираше во дресот на Валенсија и со тоа се запиша во клупската историја на шпанскиот клуб.

Холандскиот интернационалец му помогна на тимот на Џенаро Гатузо да триумфира на незгодното гостување кај Осасуна, а погодокот донесе посебно место за семејството Клајверт во историјата на „лилјаците“.

Со голот вчера, Џастин му се приклучи на својот татко Патрик во листата на стрелци за Валенсија во Ла Лига, со што тие станаа првите татко и син кои реализирале за овој тим во шпанското првенство во 103-годишната историја на Валенсија.

Патрик го постигна првиот гол за оваа екипа на 29. март, 2006 година, односно пред речиси 17 години. Интересно тоа беше и единствен гол за некогашниот холандски репрезентативец во дресот на Валенсија во Ла Лига, бидејќи во таа единствена сезона тој долго не беше во комбинација поради повреда.

За Џастин исто така ова беше прв гол и со него помогна Валенсија да ја оствари првата гостинска победа сезонава.

Стоперот на Валенсија заработи непотребен црвен картон во 90. минута, Гатузо збесна и му одржа лекција (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни