Поврзете се со нас

Италија

Големи одлуки во Јувентус: Неколку играчи се „замрзнати“, покажана им е излезната врата од Торино

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Поранешниот италијански шампион Јувентус носи големи одлуки и тоа на самиот почеток на оваа сезона, одлуку кои никој не ги очекуваше.

Медиумите на Апенините пренесуваат дека „старата дама“ одлучила да „замрзне“ неколку играчи и со тоа да им покаже дека се непотребни, односно да си бараат нов клуб.

Се работи за легендата на екипата Леонардо Бонучи, потоа Вестон МекКени, Артур Мело и Денис Закарија…поточно сите овие ќе тренираат одделно од првиот тим и дефинитивно нема да бидат дел од составот кој ќе оди на турнеја во САД.

Ова дефинитивно се драстични решенија за кои новиот директор Кристијано Џунтоли се надева ќе дадат резултати, поточно ќе му помогнат на тренерот Масимилијано Алегри да има чиста, јасна слика за играчкиот кадар за престојнава 2023/2024.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни