Поврзете се со нас

НБА

Голден Стејт се разбуди и го разби Милвоки, „кралевите“ се нерешлива енигма за Лејкерс (ВИДЕО)

Објавено

на

Фото:twitter.com/warriors

Составот на Голден Стејт Вориорс пред неколку дена беше понижен на гостувањето во „Ти-Ди Гарден“ кај Бостон Селтикс, но тој пораз од 52 разлика е веќе зад поранешниот шампион и доказ за тоа е изданието, триумфот над Милвико Бакс од 125:90.

Бакси влегоа во оваа битка со одлична серија на резултати, но формата и големата самодоверба воопшто не им помогна затоа што беа надиграни од домаќините во Сан Франциско. „Воините“ беа подобри од три од четирите четвртини со тоа што особено импресивен беше завршниот период кој беше реализиран со резултат 32-9.

Кари со 29 поени беше прв стрелец, Куминга беше најголема поддршка со 20 кошеви. Адетокумбо беше најистакнат поединец кај поразените со 23 кошеви, 7 скока и 6 асистенции.

Сакраменто Кингс пак ја доби и третата сезонска пресметка со Лос Анџелес Лејкерс, овојпат со резултат 130:122. „Кралевите“ се нерешлива енигма за „езерџиите“, „експлодираше“ Фокс со 44 поени, Монк додаде 26, Сабонис пак реализираше трипл-дабл од 16 поени, 20 скока и 12 асистенции.

Кај Лејкерси кои се на 10. позиција на Западот, дуото Џејмс-Хачимура искомбинира 60 поени.

НБА, резултати:
Визардс – Меџик 109:119
Хокс – Кавалирс 112:101
Рокетс – Клиперс 116:122
Сиксерс – Гризлис 109:115
Џез – Булс 117:119
Вориорс – Бакс 125:90
Блејзерс – Тандер 120:128
Лејкерс – Кингс 120:130

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни