Поврзете се со нас

Свет

Гол вреден титула: Адамс испрати страшен „проектил“ од 30 метри и го „проби“ искусниот Очоа (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/USMNT

Американската фудбалска репрезентација ја обрани титулата во КОНКАКАФ Лигата на нации, откако во големото финале во Тексас славеше над лутиот ривал Мексико.

80 илјади фанови можеа да уживаат во финалната пресметка меѓу големите ривали, на која САД ја продолжи својата позитивна серија на резултати против Мексико и останаа непоразени точно пет години.

Избраниците на Берхалтер го отворија резултатот со ремек-дело од 30 метри кое беше дело на Тајлер Адамс, играчот за врска на Борнмут кој пред крајот на првото полувреме го направи првиот исчекор кон победата.

Ударот на Тајлер беше навистина силен и искусниот ветеран Очоа немаше одговор, а потоа во вториот дел уште еднаш ја извади топката од својата мрежа.

Младиот Џовани Рејна запиша два асистенции на мечот против Јамајка кој се играше пред три дена, а сега го постигна голот за 2:0 со кој беше потврдена победата во финалниот натпревар во Тексас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни