Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа по втор пат во кариерата ќе се бори за влез во главната фаза на Австралија Опен

Објавено

на

foto:www.facebook.com/laville.at

Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа по втор пат во нејзината кариерата ќе има можност да избори место во главната фаза на еден од најважните турнири во светот на белиот спорт-Австралија Опен.

Ѓорческа пред неколку години (2017) беше на чекор од пласман во главниот ждреб, поточно падна во третото квалификациско коло во кое загуби од Стефани Вогел од Швајцарија со 2-1 во сетови (46 63 62).

Веднаш по нова година Лина ќе отпатува за Мелбурн каде од 8 јануари почнуваат квалификациите, а турнирот стартува на 14. јануари.

Инаку за тетовката која е на 216 место на ВТА листата ова ќе биде седми настап во квалификации на грен слем турнир (три на Ју-Ес Опен, по еден на Австралија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни