Поврзете се со нас

АТП

Ѓорческа ќе се бори за титулата во Сплит, Ивановски стигна до полуфиналето во Дубровник

Објавено

на

Македонските асови, Лина Ѓорческа и Калин Ивановски одлично напредуваат во игра на двојки на ИТФ фјучерсите кои ги играа во Хрватска.

Ѓорческа настапува на силниот турнир во Сплит, а таму заедно со Вероника Ерјавец се на една победа од титула. Македонско-словеченката комбинација славеше над Сара Бејлек и Луси Хавличкова со 2-1 во сетови на теренот број еден.

Доста интересно, возбудливо беше во битката која траеше час и половина, битка во која чешките претставници поведоа со 7-5, но потоа стигна одговорот од Лина и Вероника кои со 6-4 и 10-6 обезбедија место во финалето во кое ќе ги одмерат силите со Тара Вурт (Хрватска) и Ника Радишиќ (Словенија).

Ивановски пак со Лука Микрут ги решија Марко Баничевиќ и Кристијан Тумбас Кајго со 6-2 и 6-4, па сега одат на мегдан со првите носители Адам Тејлор (Австралија) и Ерик Вансхелбом (Украина).

Ако Калин и Лука имаат нова добра партија, дојдат до посакуваниот резултат тогаш ќе ги чека меч за пехар на фјучерсот кој се игра на земјена подлога за 25.000 долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни