Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ со порака до Зверев по освоената титула во Торино: Имаше тешка година…

Објавено

на

Александар Зверев го реши Данил Медведев и ја освои титулата на завршниот АТП турнир за оваа календарска година.

Германецот одигра фантастично во финалето и со 2-0 дојде до пехарот со кој само уште еднаш потврди дека во моментов е еден од најдобрите тенисери на светот. Овој резултат го поздрави Новак Ѓоковиќ кој преку социјалните мрежи испрати честитки до помладиот колега од кого вчера претрпе пораз од 2-1 во сетови.

-Зверев имаше тешка година на теренот и надвор од него. Знам колку тенисот ми помага да растам и среќен сум што ова беше победничкиот терен на Саша. Тој е одлично момче. Имам само пофални зборови за него и неговиот тим. Секоја чест за големото финале и големиот трофеј Саша, -напиша Ноле на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни